Loading Video...
Ракомет
11. August 2021 - 12:28

Вардар и Е. Пелистер во дуел од ракометниот Супр куп на Македонија

 
 
Екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ќе го играат натпреварот во ракометниот Супер Куп на Македонија. 
 
Ова практично ќе биде и првото одмерување на силите во новата сезона во официјален натпревар, за двете најдобри македонски екипи во изминатите две години. 
 
Вардарци ќе ја брани титулата освоена на претходните три настапи во Супер купот, откако минатата година овој натпревар беше откажан поради пандемијата на Ковид-19. 
 
Црвено-црните првиот трофеј го освоија 2017-тата во Скопје кога беа подобри од вечерашниот противник тогаш под името Еурофарм Пелистер со 30-25, а следните две години вардарци беа подобри од скопскиот ривал Металург во Струга 2017 со 33-24, односно во Куманово во 2019 година кога славеа со 26-24. 
 
Вечерашниот Супер Куп дуел меѓу Вардар и Еурофарм пелистер ќе започне од 19 часот.