Loading Video...
Фудбал
29. August 2019 - 14:45

Ван Дајк, Меси и Роналдо во конкуренција за најдобар во ЛШ

 
Откако ќе бидат извлечени групите за Лигата на шампионите, на свечената церемонија во Монако, ќе бидат прогласени најдобриот играчи за минатата сезона 2018/2019 во елитното натпреварување. 
 
Во конкуренција за најдобар играч се, Виргил Ван Дијк бекот на шампионот Ливерпул, кој важи и за благ фаворит во однос на  Кристијано Роналдо (Јувентус) и Лионел Меси(Барселона).
 
Во останатите категории кандидати се: 
 
Најдобар голман: Алисон (Ливерпул), Лорис (Тотенхем), Тер Штеген (Барселона)
 
Најдобар дефанзивец: Александер-Арнолд (Ливерпул), Де Лихт (Јувентус/Ајакс), Ван Дијк (Ливерпул)
 
Најдобар играч за врска: Де Јонг (Барселона/Ајакс), Ериксен (Тотенхем), Хендерсон (Ливерпул)
 
Најдобар напаѓач: Мане (Ливерпул), Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Јувентус)