Џет-Сет
1. March 2016 - 14:28

Вајнхаус: Не сум задоволен што филмот за Ејми доби Оскар

Се претпоставуваше дека таткото на починатата пејачка Ејми Вајнхаус ќе биде среќен затоа што документарниот филм за животот и делото на неговата ќерка доби Оскар, но не е така. Тој жестоко го критикуваше филмот и рече дека не ја заслужил златна статуетка.

- Јас секогаш бев горд на моето девојче. Ејми нема да добие Оскар, само Асиф Капади (режисер на документарниот филм). За тоа стануа збор... за Асиф. Сите ги измами, рече Вајнхаус.

-  Јас не го менувам мојот став затоа што филмот доби Оскар. Тоа е негативна, срамна и лажна слика за Ејми. Ќе го исправиме тоа.

Мич Вајнхаус во почетокот даваше поддршка на проектот, но кога тој ја виде конечната верзија каде се гледа и падот на неговата ќерка во пеколот на зависноста од дрога и алкохол. го промени ставот и рече дека филмот од него прави вистински негативец.

Мич во јули најави дека и самиот планира да снима документарен филм за животот на неговата ќерка кој, како што рече, ќе биде во понаков тон.