Loading Video...
Ракомет
23. August 2022 - 10:53

Вадрар преку Нексе брка полуфинале во СЕХА лигата

Македонскиот првак Вардар го пречекува хрватскиот Нексе во четвртфиналето на регионалната СЕХА лига 
 
Во СЦ Јане Сандански вечерва од 20:15 часот Вардар и Нексе ќе го одиграат четвртфиналниот меч, по кој ќе биде познат третиот патник на завршниот фајнал-фор турнир во СЕХА лигата. 
 
Нексе има квалитетна екипа, но моите ракометари се подготвени да дадат се од себе и да обезбедат пласман во полуфиналето, смета меѓу останатото тренерот на црвено-црните Владо Недановски 
 
Победникот од вечерашниот дуел меѓу Вардар и Нексе во полуфиналето ќе оди на мегдан на хрватскиот шампион ППД Загреб, додека унгарскиот првак Веспрем ќе го чека исходот од последниот четвртфинален меч во кој нашиот втор претставник Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на Татран Прешов, на средбата закажана за во четврток.