Живот
11. March 2017 - 13:17

УЖАСНО: Четири деца, родителите ги изгладнувале и држеле во куќа полна со измет

Живееле во куќа полна со измет, мувла и ѓубре. Четири деца спасени од буквален пекол.

29- годишната мајка и 23- годишниот татко од САД ги држеле децата во куќата со затворени прозоци и не им давале да јадат, а пелените со измет биле насекаде во куќата.

Кога полицијата влегла внатре затекнала ужасна глетка, децата имале болести по кожата ,осипи и температура, фекалии имало насекаде по куќата а едно од децата врескало од болка затоашто било заглавено под креветот.

Полицијата вели дека било толку лошо што им се повраќало, а родителите не покажувале никаква емпатија, делувале како зомби.

Таткото е осуден на 14 месеци во ментална болница а мајката две години лечење во ментална установа.

Објаснувањето кое таткото го дал на суд било бизарно.

- Ние сите имавме шуга, па се прошири! Исто така, тој рекол дека правел се што може кога неговите деца се во прашање, ги бањал во  мијалникот, но тоа било тешко, бидејќи неговиот партнер има психички проблеми.

Погледнете го видеото и се ќе ви биде јасно: