Свет
22. October 2018 - 12:25

Ужасна снимка од училиште го згрози светот: Ученик и впери пиштол на наставничката, јавноста реагира да се спречи ова насилство

Видео снимката на која се прикажува ученик како на наставничката и се заканува со лажен пиштол ја згрози француската јавност.

Инцидентот се случил во училипште во југоисточното предградие на франција, а на снимката јасно се гледа како ученикот држи „пиштол“ над нејзината глава, додека друг ученик во позадината на камера покажува среден прст.

Иако наставничката изгледа смирено и знае дека се работи само за играчка, сепак може да се заклучи дека не и е сеедно. Штом видеото се прошири на интернет, јавноста коментираше дека се надева 16-годишното момче ќе ја добие соодветната казна.

Целиот случај го кометираше и претседателот на Франција Емануел Макрон кој рече дека овој инцидент е „неприфатлив“.

Овој случај покрена лавина коментари кои укажуваат на тоа дека професорите секојдневно се соочуваат со насилство во училиште од страна на учениците и бараат од властите да преземат соодветни мерки за да се спречат вакви случаи во иднина.