-->
-->
Ужасна игра на судбината го однесе во смрт: На истиот ден пред 10 години на Дејан му се случило чудо
-->

Ужасна игра на судбината го однесе во смрт 34-годишниот Дејан Топаловичќ од Чачак, кој изгорел на денот кога славел за преживеана несреќа.
Српскиот Курир пренесижува дека мажот од Нови Варош пред десет години на истиот ден преживеал страшна сообраќајка, а кобната вечер славел со пријателите за денот кога останал жив.
Во неговата куќа избувнал пожар во шест часот попладнето, а иако пожарникарите стигнале по само пет минути од пријавата, и пожарот го изгаснале за 20 минути, на Дејан му немало спас. Тие го затекнале на креветот безживотното тело на Дејан.
Неговите пријатели шокирани од настанот велат дека вечерта славеле, тоа им било традиција на тој ден бидејчи пред 10 години, Дејан имал страшна сообраќајна несреќа. Тој паднал од мотор, но за чудо останал жив и покрај тешките повреди.
- Не знаеме како дошло до пожарот. Славевме, се смеевме, па ова...тој беше епилептичар, не пиеше, не пушеше, живееше здраво, велат другарите со тага.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црна Гора го одбележува Денот на државноста
-
Повредени 12 лица во Атина откако паркиран џип почнал да се движи и удрил во ресторан
-
Уапсен крадец во Велес, извршил повеќе кражби во еден ден
-
ОЈО: Пред убиствата вујкото му ја препишал куќата на внукот, имало неразрешени семејни недоразбирања
-
Во куќата на убиецот се пронајдени трите тела во Прилеп - Фрлил бомба кон полицијата пред да се самоубие
-
Рускиот министер за надворешни работи пристигна во посета на Кина
-
За осум часа 128 сообраќајни прекршоци на територија на СВР Скопје
-
Сиљановска-Давкова на отворањето на „Охридско лето“: Во фестивалот се вткаени цели епохи на музичката, драмската и ликовната уметност