Свет
4. November 2017 - 14:42

Ужас во семејна куќа: Ја исполнил желбата на мајката и сопругата, ги убил па се самоубил

Германската полиција пронајде тројца мртви во куќа во Алтфраунхофен во Баварија.

Маж (49) ја убил својата мајка (83) и својата невенчана сопруга (61), а потоа и себеси.

Мажот во средата околу 15 часот повикал полиција и рекол да дојдат зошто во куќата има три трупа.

Потоа ја прекинал врската и полицијата не можела повеќе да го добие. Кога стигнале до куќата, пронашле тројца мртви.

Полициајта верува дека мажот жените ги убил во договор со нив и извршил самоубиство. Пронашле и проштално пислно во кое се наведува дека жените се убиени со нивна дозвола. Сепак писмото се проверува.

Соседите рекле дека мајката и неговата партнерка биле тешко болни. Мажот имал 300 килограми и целото семејство живеело од социјална помош и пензијата на мајката.

Оружјето со кое се убиени не било регистрирано.