Живот
11. July 2017 - 8:35

Ужас во градскиот превоз: Автобус полн со патници се распадна на два дела среде возење

Ова е бизарниот момент кога автобусот во текот на рутинско возење се распадна на два дела.

Заглушувачката бучава од двозглобниот автобус кој буквално се преполови, ги предупреди патниците на потенцијалната катастрофа.

Неколку секунди откако патничката дошла до подвижниот зглоб, предниот дел од автобусот се одвоил од задниот. Потоа дел од возилото се зачукало во тлото, покривото од автобусот паднал кон дупката, а патниците вриштејќи потрчале кон задната врата, обидувајќи се да ги избеднат парчињата кои летале кон нив.