Живот
12. January 2016 - 17:08

Ужас: Снаата снимена како крвнички ја тепа свекрвата

Шокантната снимка од скриена камера откри како една жена се обидува да ја убие својата 70-годишна свекрва.

Жената која се гледа на снимката е Санџита Јаин, а снимена е пред неколку недели во Индија.

Камерата ја поставил Кундан Сривастава, кој е зет на Санџита. Тој ја споделил снимката и напишал дека нејзината сестра помогнала во обидот за убиство на старата жена.

Видеото со екстремно насилство покажува како Јаинова ја тепа свекрвата инвалид ја грабнува за грло и врат.

Уште еднаш предупредуваме дека видеото е со ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА