Бизарно но вистинито
6. April 2018 - 18:38

Ужас: На тинејџер му ги отсекле гениталиите и го оставиле да искрвари до смрт

Еден тинејџер со интелектуални потешкотии пронајден е мртов на улица во централна Кина.

Имено, 15-годишникот, кој исчезнал 24 часа, бил врзан за столб, а гениталиите му биле отсечени.

Локалната полиција уапсила 39-годишен ментално болен маж, кој признал дека го убил тинејџерот.

Несреќниот тинејџер го пронашол млекар на 4 април на улица. Бил врзан за столб, со рацете над главата.

Полицијата открила дека се рбаоти за момче кое се презива Рен, а кое имало сериозно ментално пореметување.

Семејството на момчето рекло дека момчето утрото заминало да гледа игри во селото, како и дека почнале да го бараат вечерта кога не се вратило дома.

Според очевидци, двајца мажи го врзале тинејџерот за столб. Еден 39-годишник е уапсен и ја признал вината, но истрагата се уште е во тек.