Бизнис
2. July 2020 - 21:57

Увозот на половни возила преполовен во споредба со лани

Преполовен увозот на половни возила.  Во првите пет месеци од годинава во споредба со истиот период лани во земјава се внесени над  7.000  половни  автомобили  помалку.  Сопствениците на плацеви велат дека главната причина за ваквата состојба се измените во законот за моторни возила кои беа направени лани , а дополнително влијае  и кризата со висурот која ги затвори границите и ја намали побарувачката.

Секако дека короната има влијание за намалување на побарувачката на половни возила, но со данокот за Цо 2 се зголемија цените на колите. На пример едно возило со вредност од 5 до 6.000 евра од 2007 - 2008 година имаше царна  од 700 евра сега има додатни трошоци до 500 евра  и царина од 1200 евра, вели за Сител сопстевник на плац за половни возила.

Од  царинската управа пак велат дека најголем виновник за намалувањето е коронаворусот  но  и зголемениот увоз во декември лани.

Намалувањето на увозот на половни возила во 2020 година (споредбено со истиот период лани) пред се се должи на настаната ситуација со коронавирусот. Оваа ситуација има влијание врз целокупната економија во државата, придонесе да се затворат границите од март до јуни 2020 година и со тоа беше отежната можноста за увоз на половни возила, а влијание има и  врз економијата на светско ниво. Ако ако се имаат предвид статистичките податоци може да се забележи дека во декември 2019 година зголемен е бројот за увоз на половни возила за 2000 споредбено со декември 2018 година, што влијаеше на намалување на увозот на почетокот на 2020 година, се вели во дописот од царина.

Според податоците на царина од јануари до мај лани во земјава  биле внесени 13,914 половни коли, а годинава  6. 179.

Со измените во законот за половни возила од први јанаури данокот за автомобилите до 10 илјади евра се пресметува во зависност  од емисијата на CO2  Тој е повисок за дизелот, а помал за бензините. Уште тогаш сопствениците на плацеви реагираа дека со ваквата измена продажбата на коли ќе се намали затоа што цените ќе се пораснат.