Бизнис
21. August 2019 - 8:16

Увид во реконструкција на патот Фурка-Богданци-Гевгелија

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Зоран Китанов денеска ќе извршат увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Фурка – Богданци – Гевгелија.

Вредноста на зафатите на регионалниот пат во должина од 15,8 километри изнесува 1,5 милиони евра, обезбедени преку Светска банка.

Освен нова асфалтна постилка патот од сегашните четири ќе биде проширен на 5,5 метри.

Се планира работите да завршат во четвртиот квартал годинава.