Македонија
23. November 2020 - 8:20

Утрово студено, во текот на денот до 15 степени

Времето утрово ќе биде студено, по одделни котлини со појава на магла, а во текот на денот сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од -8 до 3, а максималната од 9 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 11 степени.

Следните денови ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.