Македонија
14. September 2016 - 20:29

Утроби и делови од угинати животни

По продажбата на добиток за Курбан Бајрам деновиве во Тетово на јавни површини останаа утроби и други делови од угинати животни. Кај стариот стадион каде имаше имровизиран сточен пазар е најизразена оваа слика, а има фрлано остатоци и во реката Пена.

Граѓаните се револтирани и се плашат од последици по здравјето.

Од општина Тетово најавија дека со соодветна механизација реката Пена ќе биде исчистена почнувајќи од следната недела.