Loading Video...
Фудбал
4. јуни 2019 - 19:16

Утре се игра баражот за пополнување на Првата МФЛ

, Утре попладне во 16.30ч на стадионот во Ѓорче Петров екипите на Силекс и Тиквеш го играат бараж натпреварот за опстанок во Првата МФЛ.

                Според пропозициите ќе се одигра само еден натпревар на кој доколку биде нерешено во регуларниот дел нема да има продолжетоци туку директно ќе одлучуваат ударите од белата точка по што подобриот тим ќе настапува следната сезона во елитната конкуренција.

                Да потсетиме Силекс го освои 8-то место во  штотуку завршеното првенство  додека Тиквеш учеството во баражот го обезбеди со победа од 6-3 против Лабуништа во мајсторката помеѓу второпласираните екипи во двете второлигашки конкуренции. Директен пласман обезбедија Борец и Струга Триум Лум додека нови второлигаши се Беласица и Победа.