Македонија
5. March 2022 - 12:53

Утре протест на Здружението „Лесја Украинка“ во Скопје

Здружението „Лесја Украинка“ за утре (06.03.2022) најави протест во Скопје.

- Здружението на Украинците во Република Македонија „Лесја Украинка“ ги повикува сите свесни луѓе да го изразат својот револт против војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина и да се приклучат на протестниот марш, кој ќе се одржи на 6 март 2022 година (недела). Собир кај споменикот „Воинот на коњ“ на Плоштадот Македонија во 14.00 ч, соопштија од здружението.