Македонија
26. јуни 2022 - 14:36

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре, 27.06.2022  (понеделник), во периодот од 07.00 до 10.00 часот, поради одржување на протест од страна на Сојузот на синдикати на Македонија, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај на сите сообраќајници што гравитираат околу крстосницата на бул. „Александар Македонски“ со ул. „16. Македонска бригада“ во Скопје.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.