Македонија
1. December 2022 - 12:11

Утре од 6 часот приватните превозници ќе ја блокираат десната лента на Илинденска

– Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утре од шест часот ќе го блокираат сообраќајот во Скопје на десната лента на ул. „Илинден“ на потегот од Владата до МИ-ДА, а околу 200 автобуси ќе бидат паркирани пред Градското Собрание, најави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Тој на денешната прес-конференција рече дека не е постигнат договор со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈСП Александар Стојковски за исплата на долгот што го побаруваат превозниците.

-Утрешниот ден ќе покаже дали ќе има некаков исод или блокадата ќе продолжи и во текот на викендот и почетокот на следната недела, рече Јовановски.

Доколку и во меѓувреме нема резултати ќе бидат блокирани крстосниците кај ТВ Мавровка, Црвен Крст и ул. „Илинденска“.