Македонија
3. October 2022 - 21:27

Утре ќе има средба меѓу премиерот Ковачевски и економскиот тим на Мицкоски

Маја Кадиевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „24 Анализа“ кажа дека била прифатена поканата за утрешната средба со премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски.

„Утре ќе има средба меѓу премиерот Ковачевски и економскиот тим на Мицкоски. Се понудивме како партија и критиките беа насочени за решавање на кризата и затоа ги нудиме нашите ресурси. Концептот на Мицкоски е издржан предлог“, кажа Кадиевска.

Кадиевска кажа дека состанокот треба да се одржи во Владата и на масата треба да седнат опозицијата и Владата.