Македонија
5. September 2020 - 10:10

Утре измени на сообраќаен режим во Скопје

На 06.09.2020 (недела) Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот во периодот од 08.30 до 10.30 часот, бидејќи во наведениот период во организација на Сојуз на спортови на Скопје ќе се одржи Авицена женска трка 2020 во Скопје, со почеток од Спортскиот центар А1, од пред главниот влез на салата, по што учесниците ќе продолжат кон подвозникот на бул.„8-ми Септември“ кај хотел Александар Палас, а потоа ќе поминат под подвозникот и ќе се движат кон целта во Градски парк, после кајакарскиот центар во Скопје. Од тие причини за сообраќај ќе бидат затворени улиците кои водат кон Спортскиот центар А1 и Градски парк. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.