Македонија
25. јуни 2020 - 14:29

Утре и задутре јавно ќе бидат објавени 138 лица кои не примиле решенија за самоизолација

138 лица ќе бидат јавно објавени во дневниот печат од причина што не ги примиле решенијата за самоизолација, потврди директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, доктор Ирина Бухова, за Фокус.

„Соогласно Законот за општа управна постапка, член 84, ДСЗИ отпочна со јавна објава на лицата за кои не е извршена уредна достава на решенија. Ќе бидат објавени 138 – истакна Бухова.

Ваков чекор се превзема поради тоа што многу од граѓаните одбиваат да ги кажат личните податоци и не сакааат да ги примат решенијата.

Министерот за здравство Венко Филипче пред десетина дена најави дека со оглед на тоа што не успеваат да ги најдат пациентите кои се кријат и даваат лажни податоци, тие се приморани јавно да ги објават нивните имиња.

-Една од опциите е јавно да се објави, според законот за управна постапка, и список на лица коишто треба да бидат во самоизолација, заради тоа што навистина многу време се губи и се загрозува јавното здравје посебно од страна на лицата коишто не сакаат да излезат во пресрет и да соработуваат со епидемиолозите и со ДСЗИ, нагласи тогаш Филипче.