Македонија
6. April 2016 - 14:12

Утре е Свето Благовештение – Благовец - еве што треба да направите на овој свет ден

Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. се смета за тежок празник. некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв Велигден“. Според народните верувања  овој ден е благ па  и раната не боли,  па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. 

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.