Македонија
22. February 2019 - 12:24

Утре без вода дел од Општина Центар

Поради промена на шибер од Ф-80мм. на ул.Орце Николов бр.100 без водоснабдување утре од 09:00 часот ќе останат корисниците на потегот од ул.„Аминта Трети“ до ул.„Мирослав Крлежа“ во Општина Центар.

Како што соопштија од РЦУК -Скопје по известување добиено од ЈП Водовод и Канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 9:00 часот до завршување на работите.