Македонија
1. November 2018 - 10:34

Утре без струја делови од Центар, Карпош и Бутел

Заради  технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Бутел, Центар и Карпош.

Во периодот од 08:45 до 09:45 часот без струја ќе бидат корисниците од левата страна на Радишански пат, во општина Општина Бутел, од 08:30 до 14:30 часот,  корисниците од ул. „Мирче Мацин“, „Мирче Ацев“ и бул.„Филип 2-ри Македонски“, објектите во близина на паркингот кај ГТЦ, пералната, угостителските објекти и домаќинствата од тој реон во општина Центар, а од 09:30 до 15:00 часот  корисниците од дел  од ул. „Скупи“ подулицата 3-а, дел од бул. „8-ми Септември“, во општина Карпош.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија  од 09:00 до 15:00 часот ќе имаат корисниците од дел на Горни Жданец во општина Карпош, а од 10:00 до 13:00 часот,  корисниците од дел од ул.„Козара“ и дел од ул. „Васил Ѓоргов“.