Loading Video...
Фудбал
30. July 2020 - 17:49

Усвоени новите пропозициите за Првата македонска фудбалска лига

 
На денешната седница на УО на ФФМ го усвои предлогот за новите пропозиции во прволигашката конкуренција во кои ќе има и промени, а со цел да се избегне евентуалните проблеми кои би настанале доколку сезоната биде прекината, како што тоа беше случај годинава. 
 
Имено. Предвидено е доколку се одигра помалку од половината натпревари од првенството, шампионатот ќе се поништи. 
 
Во случај да се одиграа над 50 до 75% од натпреварите, тогаш ќе следи замрзнување на табела, односно нема да биде прогласен првак, а нема да има ниту  испаѓање од лигата, додека пласманот ќе биде земен во предвид само за екипите кои треба да настапат во европските купови. 
 
Во последното „сценарио“ предвидено е доколку бидат одиграни над 75% од натпреварите, би важеле „регуларните“ пропозиции односно тогаш ќе биде прогласен шампион, а ќе има испаѓање и промоција на нови екипи во прволигашкото друштво. 
 
Новата сезона во ПМФЛ ќе стартува на 9 август. 
 
Трошоците за задолжителните тестови за Ковиод-19, како во машката така и во женската прва лига ќе биде на сметка на федерацијата, чиј УО денеска ги утврди календарите за натпреварување кај дамите, но и во младинските категории, како и листата на делегати, а го измени и дополни и Правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери.