Македонија
16. January 2019 - 16:03

Уставните измени и Договорот од Преспа ги скараа Вашингтон и Москва - Ципрас пред гласање доверба за владата

Русија има сериозни забелешки за легитимноста на процесот на усвојување на Преспанскиот договор.

Претседателот Путин во интервју за српските медиуми вели дека договорот е усвоен  под притисок од надвор, а притоа  вољата на македонскиот народ не е испочитувана.

Мината година поради форсирано зачленување на Република Македонија во НАТО, беше покренат дури и процес на донесување на на уставни амандмани и  промена на името на државата,  ревидирање  на темелите на македонскиот национален идентите.  Притоа е игнорирана волјата на македонските гласачи –референдум за промена на името пропадна, но надворешниот притисок продолжи.

Рускиот шеф на дипломатијата појасни  дека Москва не е против новото име, но се противи на начинот на кој тоа е напаравено, со мешање на САД и НАТО во внатрешните работи на Македонија и  кршење на законите.

За Американците пак нема дилема дека компромисот за името ке ја стабилизира македонија и регионот.

– Русија не нуди ништо освен нестабилност и можеби нафта и гас, но, нив можеме да ги добиеме и на друго место. Членството во НАТО ќе биде добра работа за Македонија, изјави Џонсон.

Во интервју за Гласот на Америка, сенаторот  Џонсон порача  дека неодамнешното повлекување на резолуцијата од Сенатот за поддршка на Договорот од Преспа, во која се осудува  и руската пропаганда во Македонија, нема да ја промени утврдената американска позиција за поддршка на евроатлантскиот процес на државата.

Во меѓувреме продолжува дебатата  во грчкиот парламент за доверба  на Владата на Ципрас, а за другата недела се најавува и гласање за ратификација на преспаснкиот догвор. На улиците на Солун се појавија постери со слики на пратениците кои најавија дека ке гласаат за договорот, а истите сциркл

 Сител Телевизија