Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата

Украинскиот боксерски првак, 39-годишниот Олександр Усик објави денеска дека се откажува од сите свои шампионски појаси, но нагласи дека тоа не значи крај на неговата професионална кариера.
Непоразениот Усик, кој има рекорд од 25 победи од исто толку борби во професионалниот бокс, во моментов е сопственик на шампионските појаси во верзиите WBA (Super), WBC и IBF.
„Ова е внимателно разгледана одлука за која сум сигурен дека ќе ми отвори нови можности. Ова не е крај на приказната. Продолжението допрва доаѓа“, напиша Усик на социјалната мрежа Икс.
Во видеопорака, тој ги објасни причините за својата одлука.
„Сакам да се откажам од сите појаси што ги поседувам во моментов, за да можат боксерите што се следни во редот да се борат за нив. Пријатели, ги напуштам појасите, но не и спортот, бидејќи го чекам мојот последен танц“, порача Усик.
МИА
Ново на Сител
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
-

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД
-

Се работи на ликвидација на пожарот на градската депонија во Крива Паланка
-

Пожари во делови на Албанија, нема човечки загуби
-

Трето возило му го пресекло патот на Никола, по што преминал во спротивната лента – ОЈО го гони возачот
-

Ги напаѓал сопругата и трите деца – осум дена притвор за скопјанец
