Македонија
12. April 2016 - 18:28

Уште утре убаво време, од четврток промена

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен западен и југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 23 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло, попладне со зголемена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 26 степени.

Во наредите денови времето ќе биде стабилно и сончево, само во четврток се очекува преодно дестабилизирање со локален пороен дожд, грмежи претежно во северните и источните делови од земјата. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец.