Македонија
6. May 2018 - 20:54

Уште една трагедија вечерва на македонските патишта: Четири лица загинаа на патот Охрид - Ресен

Четири лица загинале во тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случила на патот Ресен-Охрид кај селото Крушје.

Во незгодата учествувале три возила од кои две со битолски и едно со охридски регистарски ознаки.

Патот сѐ уште е затворен за сообраќај, заради увидот кој е во тек, велат од битолската полиција.

Денеска околу 17.30 часот во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево едно лице го загуби животот, а четири се тешко повредени.

Според првичните информации на СВР Тетово, околу 17:30 часот во близина на еден од каменоломите на четири километри од Гостивар дошло до судир на две патнички возила. Неофицијално, во сообраќајната несреќа учествувале „опел астра“ со дебарски регистерски ознаки  и „рено меган“ со гостиварски регистерски ознаки.