Македонија
25. November 2015 - 13:04

Уште една трагедија - Прегазено 9 годишно момче

Девет годишно момче почина вчера во сообраќајна несреќа која се случила на локалниот пат во селото Сопот.
Четириесет и шест годишниот С.Џ. од скопско Арачиново паркирал камион Мерцедес поради утовар на роба и излегол, по што во еден момент возилото само се придвижило и удрило во двајца пешаци, 35-годишниот Х.С. и девет годишно момче.
 
По незгодата, пешаците биле пренесени во кумановската болница, каде од страна на доктор кај момчето е констатирана смрт, додека Х.С. се здобил со полесни повреди и е пуштен на домашно лекување.
 
Полицијата извршила увид на лице место на несреќата.