Македонија
3. May 2016 - 14:07

Уште една трагедија на македонските патишта

Денеска нешто по 12 часот на стариот пат Тетово- Копје кај добарски подвозник автомобил „хјундаи“ загубил контрола, удрил во бетонскиот столб и се превртел,  при што М.М (38) од Тетово од здобиените повреди на пат кон тетовската болница починал.

Според првичните информации, возачот (31) Р.М од Тетово се здобил со тешки телесни повреди на главата и при укажасната помош во тетовската  болница итно е префрлен на скопските клиники.

Во моментов трае увидот од јавниот обвинител и екипа СВР Тетово околу причините за оваа тешка сообраќајна несреќа.