Македонија
6. September 2016 - 12:36

Уште една трагедија: Македонка се удави во Грција

Седумдесет и шестгодишна туристка од Македонија се удавила во морето кај гратчето Мораитика на југоисточниот дел на грчкиот остров Крф.

Информацијата за МИА ја потврди Канцеларијата за врски на Република Македонија во Грција и информира дека во тек е процедура за пренесување на телото на починатата во Македонија.

Некои грчки медиуми јавија дека жената била на одмор на Крф, каде што пристигнала со група туристи од Македонија. Според првичните информации, 76-годишната Македонка отишла да плива веднаш по „обилен“ оброк, информира онлајн изданието на „Имерсија“.

Откако била извадена од морето, жената веднаш била пренесена во Општата болница на Крф, каде била констатирана смрт.