Македонија
18. July 2016 - 10:00

Уште една бизарна несреќа викендов: Паднал во бунар, едвај го спасиле

Несреќа која можела да заврши фатално викендов ја потресе Македонија. 70-годишен старец во петокот паднал во бунар во тиквешко село, и се наголтал од калта и водата, по што за среќа бил пронајден и веднаш пратен на Ургентен во Скопје.

Како што пишува Дневник, тој паднал со главата надолу, а откако бил најден и однесен во болница, медицинскиот тим констатирал дека рпестанало дишењето, по што веднаш започнале со извлекување на водата и калта од него. За среќа, мажот бил реанимиран.