Џет-Сет
19. April 2018 - 19:34

Уште еден тажен 19-ти април: Сузана Турунџиева напиша емотивна порака

Македонската пејачка, водителка, пистелка Сузана Турунџева на својот Инстаграм профил сподели емотивна порака за роденденот на нејзиниот починат брат.
 
-  Некои луѓе умираат уште за време на нивниот живот, а некои живеат и откако ќе умрат… Сега знам дека сум била допрена од Бога, штом сум имала привилегија да бидам (помала) сестра на Панде… Изминува уште еден тажен 19-ти април, уште еден недоживеан роденден, уште една горчлива грутка во грлото, а неговото отсуство е се уште многу присутно. Мирно небо бато!, напиша Турунџиева на Инстаграм и сподели видео со фотографии од  нејзиниот брат.