Уште еден обвинет за смртта на Марадона
Аргентинските истражни судии подигнаа обвинение и против личниот психијатар на Диего Марадона, Агустина Косачов, во рамки на истрагата за смртта на еден од најдобрите светски фудбалери во историјата.
Информацијата за аргентинските медиуми денеска ја соопшти адвокатот на Косачов, Вадим Мичанчук
– Се води истрага против неа, што значи дека е подигнато обвинение, изјави адвокатот за „Todo Notisias“.
Аргентинската фудбалска легенда посетуваше психијатар за лекување на зависноста од алкохол, а според медиумите, последната средба меѓу Косачов и Марадона била откако тој беше пуштен од болница по операцијата на субдурален хематом.
Аргентинското Обвинителство во неделата подигна обвинение и против личниот лекар на Марадона, Леополд Луке, кој се товари за убиство од небрежност.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата