Македонија
31. March 2016 - 14:45

Ушковски: Со реформите континуирано се подобрува состојбата во судството

Со реформските активности кои се имплементираат континуирано се подобрува состојбата во судството и создадени се услови за уште поголема независност и ефикасност на судскиот систем во Република Македонија. Континуирано се јакнат капацитетите на правосудство, се забрзаа судските постапки, се зголеми квалитетот на судските одлуки, а со воведувањето на современата технологија се зголемува транспарентноста на работата на судовите.

Ова го изјави  престедателот на Судскиот совет на РМ Бранко Ушковски на приемот што во оваа институција се одржа денеска по повод 31 Март, Денот на правосудството, а на кој присуствуваачленови на Судскиот совет од сите генераци, министри за правда. Тој упати честитка до, како што рече, сите судии, јавни обвинители, правобранители, адвокати, медијатори, нотари, извршители, на судските службеници, судската полиција и на сите вработени во судовите за успешната работа.

Тој упати и порака до сите кои, вели, го критикуваат праводуството за влијаниа и мешања.

- Но, за жал некои еминентни експерти дел од нив добронамерно, еден дел од нив несакајќи или истите не се добро информирани дека всушност тоа што го критикуваат е веќе имплементирано. Но, друг дел од нив намерно постапувајќи под менторство на некои центри на моќ неоправдано му инпутираат влијанија за постапувањето на судиите и наметнуваат една перцепција за судството, дека со нивниот т.н еспертски коментар си земаат право на ексклузивитет, а тоа е дека нивната перцепција за состојбите во судството е апсолутна вистина. А тоа е особено изразено со правење конструкција и инсинуации за судството кои се наменети за дневно политички потреби, за дефокусирање на јавноста или за разни други поводи и цели кои се насочени за намерно рушење на интегритетот на целокупниот судски систем.(во кое истите очигледно најдобро се санаоѓаат), рече Ушковски.

Тој посочи дека сите овие предизвици за Судскиот совет во исто време се поттик за уште поинтензивни реформски активности да се продолжи да се прифаќаат највисоките европски стандарди за судството,кои се покажале како најдобри при практичната примена во некоја од земјите од Европската Унија. Воедно, нагласи дека сите констатирани недоследности од практиката кои беа воочени во минатото се надминати со тоа што се имплементирани највисоките меѓународните стандарди, така што, вели за судија на основен суд може да биде избран само кандидат кој ја завршил обуката во Академијата за судии и јавни обвинители. Во врска со унапредувањето на судиите во повисок суд воведен е мерит систем.

- Судскиот совет при изборот и унапредувањето на судиите во  професионалната кариера на судиите ќе продолжи со применување на имплементираните меѓународните стандарди кои се засниваат на заслуги со примена на објективни критериуми, односно највисоките стандарди од мерит системот утврден во рамките на законот. Со ова се отстранети секакви видови на влијанија и мешање и со тоа на највисоко ниво е гарантирана независноста на судиите. Исто така, заради обезбедување непристрасност во вршењето на судиската функција, како и за спречување на секое влијание во доделувањето на предметите во работа кај судијата, судиите сега предметите ги добиваат по автоматски пат, по природен ред на приемот на предметот во судот, рече претседателот ССРМ.

Тој ги спомена и воведувањето достава на писмената по електронски пат, како и тонското снимање на рочиштата со што, вели создадени се услови за уште поголема независност и ефикасност на судскиот систем во Република Македонија. 

Министерот за правда Аднан Јашари честитајќи го празникот истакна дека Министертвото ќе продолжи со обезбедување законски гаранции за понатамошно зајакнување на независноста на судството, особено преку имплементирање на меѓународните стандарди во оваа област, а се осврна и на идните предизвици наведени во стратегијата за правосудството која е доставена до ЕК за мислење.

- Стратегијата која беше изготвена во соработка со експерти од ЕУ, содржи шест теми - судство, казнено-правен систем, пристап до правда и транспарентност, политика и координација, управно правосудство и информатички системи и правда. Во процесот на подготовка се вклучени шест работни групи за секоја од шесте тематски блокови, а беа вклучени и консултации со граѓанскиот сектор, кои беа вклучени и во работните групи за креирање на стратешкиот документ, рече Јашари.