Loading Video...
Тенис
6. September 2022 - 18:28

УС ОПЕН: Комплетирани четвртфиналните парови во двете конкуренции

На последниот Гред-слем тениски турнир годинава УС Опен, на кој комплетирани се четвртфиналните парови во двете конкуренции
 
По елиминацијата на првиот носител Данил Медведев кој во осминафиналето загуби од Ник Киргијос, настапот во Њу Јорк заврши и за вториот фаворит Рафаел Надал кој во три сет загуби од домашниот тенисер, Франсес Тиафо(22). Американецот, за место меѓу четирите најдобри ќе се бори со Русинот, Андреј Рубљов (9-носител). 
Така младиот шпански тенисер Карлос Алказар е најдобро рангираниот кој обезбеди пласман во четвртфиналето на УС Опен. Третиот носител Алказар по безмалку четири часовен меч со 3-2 го совлада Хрватот, Марин Чилиќ и во четвртфиналето за противник ќе го има Италијанецот, Јаник Синер (11). 
 
Во останатите два четвртфинални дуели ќе играат (5) Норвежанецот, Каспер Рут и (11) Матео Беретини од Италија, додека Австралиецот, Киргиос (23) за противник ќе го има Карен Хачанов (27).
 
Најдобрата светска тенисерка, и прва фаворитка на УС Опен, Ига Швјонтек се пласираше во четвртфиналето, откако во три сета ја победи Германката, Нејмајер. Противничка на полската тенисерка ќе и биде (8) Американката, Џесика Пегула, која ја победи Петра Квитова со 2-0 (6-3, 6-2). 
 
(6-та) Арина Сабаленка која славеше против Американката, Колинс (2-1) во четвртфиналето ќе игра против Каролина Плишкова која исто така со 2-1 ја победи Викторија Азаренка. 
 
Останатите два пара во четвртфиналето кај дамите ги сочинуваат (5) Онс Жабер, Тунис и  Алја Томљановиќ од Австралија, односно  (12) Американката, Коко Гоф која за противничка ќе ја има (17) Французинката, Каролин Гарсија