Фудбал
2. December 2022 - 18:32

Уругвајците ги нападнаа судиите по мечот со Гана | ВИДЕО

Уругвај по голема драма испадна од Светското првенство (СП) во Катар, иако славеше со 2-0 против Гана, но сепак Јужна Кореја славеше со 2-1 против Португалија.

Ѕвездите на Уругвај беа ептен нервозни по последниот судиски свиреж, па ги нападнаа судиите, а најгласни беа Едисон Кавани и Хозе Хименез кои заработија жолти картони, по што се вмеша и Диего Годин.