Урната статуата на полски свештеник поради обвинение за педофилија
Полски активисти ја урнаа статуата на свештеникот Хенрик Јанковски, против кого постојат докази за педофилија.
Активистите тврдат дека протестните дејства се поврзани со неможноста на Католичката црква и општеството да го решат проблемот со сексуалната злоупотреба на свештеници над деца.
Статуата е соборена неколку часа пред конференцијата во Ватикан, на која папата Франциско ги собра католичките лидери за да разговараат за проблемот со педофилијата.
На четиридневниот собир во Ватикан присуствуваат 190 католички лидери од сите континенти.
Папата им порача на највисоките католички великодостојници дека нивната одговорност е ефикасно да се соочат со злосторствата на свештениците, кои силуваат и вознемируваат деца.
Тој нагласи дека тие треба да „го слушнат крикот на оние млади луѓе кои сакаат правда” и да ја искористат можноста да го „трансформираат ова зло во шанса за разбирање и прочистување”.
Конференцијата во Ватикан е организирана како одговор на новиот бран педофилски скандали со католички свештеници во САД, Чиле и на други места.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација