Уредникот на ТВ Сител Марјан Николовски добитник на највисоката државна награда за новинарство
Новинарот и уредник на ТВ Сител, Марјан Николовски е добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, за остварувања во новинарство за 2021 година. Наградата му се доделува за особен придонес кон афирмација на регионален, културен и општетствен дијалогот, религиска, национална и етничка толеранција, како и промоција на позитивни вредности и евратлански перспективи.
Марјан Николовски е новинар кој се истакнува со новинарски стории кои имаат еден поинаков пристап на промоција на дијалогот и афирмција на позитивни вредности при известувањето во поглед на меѓуверската толеранција и почит, но и во поглед на добрососедските односи, регионалниот и општествен дијалог. Николовски е долгогодишен новинар и уредник во најгледаната македонска телевизија. Важи за одличен познавач на политичките состојби особено на односите меѓу Македонија и Бугарија и еден од најдобрите познавачи на верските прашања меѓу македонските новинари. Државната награда за новинарство ја доби и новинарката Аделина Марки, а за публицикстка ја добија Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември vo Собранието.
Ново на Сител
-
Извештај: Ковид набавките оставаат простор за корупција
-
Анализа: Што ќе донесе планираната даночна реформа?
-
Обединетите Нации бараат Бугарија да ги почитува правата на македонското малцинство
-
Еврејската заедница остро реагира на регистрацијата на здружението цар Борис трети
-
ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија подготвува документ со нови понижувања, владата молчи
-
СДСМ: Функционери на ВМРО-ДПМНЕ летуваат на луксузни дестинации
-
13-ти Македокс во Скопје
-
Групата седум индустриски најразвиени земји ја осуди руската окупација на Запорожје