-->
-->
Универзитетот „Аристотел“ од Солун му додели почесен докторат на Јункер
-->
Универзитетот „Аристотел“ од Солун му додели титула почесен доктор на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, потврди денес главнио портпарол на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, еден од најугледните грчки Универзитети на 13-ти јули ќе му ја додели почесната титула на Јункер на церемонија во Солун.
- Можам да потврдам дека Универзитетот „Аристотел“ од Солун му додели хонорарна титула на Јункер и планот е ова одчичје тој да го прими на 13 јули, што го потврди и самиот Универзитет. Жан-Клод Јункер ја прифати оваа чест и ќе оди во Солун по повод церемонијата - изјави портпаролот на ЕК, Маргаритис Схинас.
Интересно е дека Јункер го поврзуваат силни врски со Грција, ако се знае дека токму грчката партија „Неа Демократиа“ го кандидираше во рмаки ан Еворпскат анародна партија за „шпиценкандидатен“, односно партиски кандидат за претседател на Европската комисија, по што стапи на оваа функција по европските избори во 2014 година.
А, интересно е дека главнито конкурент во политичката битка на Јункер во неговата земја Луксембург, актуелнио премиер и претседател на Либералната партија Ксавиер Бетел, ги завршил своите студии токму на солунскиот Универзитет, што самиот го потврди во изјава за МИА пред две години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс