Живот
25. October 2019 - 11:42

Уникатна шумска викендичка со „апстрактен“ изглед

Германското студио „Кверкопф Аркитектен“ создаде прилично специфичен дизајн на современа, модерна вила чијшто изглед на огромна камена скулптура е во совршена синхронизација со околината.

Оваа единствена, уникатна бетонска куќа се наоѓа во Германија и е завршена на почетокот на годинава. Интересно е и тоа оваа шумска двокатна викендичка не се гледа од ниедна околна улица.

Три големи бетонски блокови го заградуваат малиот влез, создавајќи впечаток дека фасадата е во целост затворена. На бочните страни, нештата се поинакви. Двата ката однатре се, исто така – во контраст.

Како општо правило, овој проект со својот дизајн отсликува класични идеи и детали, а се фокусира на складноста меѓу архитектурата и пејзажот.

Стаклените прозорци гледаат кон градината, базенот и шумата, истовремено овозможувајќи природна светлост.