Македонија
18. April 2021 - 16:38

Унеско го промени планот за реконструкција на кејот во Охрид

Унеско го измени првичниот проект за реконструкција на градскиот кеј во Охрид. По забелешките на членовите на Реактивната мониторинг-мисија на Центарот за светско наследство кои извршиле увид во овој дел и сметаат дека со санацијата дополнително би му се наштетило на Охридското Езеро и на подрачјето во целина. од локалната најавија дека согласно новиот проект наместо над стариот кеј да се направи нов со поставување на армирани столбови на 80 сантиметри кон езерото, прво ќе се руши еден метар од постоечкиот кеј за да не се зголемува габаритот.

Со реконструкцијата кејот кој моментално има поголеми оштетувања ќе добие нов и урбан лик, а градот јавни површини достојни за културен и туристички центар каков што е Охрид.

Со овој проект за кој се обезбедени 38 милиони денари од Тав линијата и дополнителни 45 милиони со одлука на Владата не е опфатено Старото пристаниште кое е исто така во многу лоша состојба. Георгиески истакна дека за негова реконструкција ќе мора да биде направен друг проект и тоа прашање да се решава дополнително.