Уметничка слика продадена за над 10 милиони долари била фалсификат
Угледната лондонска аукционерска куќа „Сотбис“ потврди дека една уметничка слика, за која се верувало дека е дело на холандскиот сликар Франс Халс, се покажало оти е само фалсификат.
Во 2011 година, сликата-портрет „Непознатит човек“ „Сотбис“ ја има продадено на еден приватен купувач за 10,8 милиони долари.
Во посебно соопштение, аукционерската куќа вели дека била поништена продажбата, како и дека „во целост“ го отплатила измамениот купувач, откако повеќе направени тестови на сликата потврдиле дека „без сомнение, станува збор за чист фалсификат“.
Деталната експертиза утврдила дека сликата содржи модерни материјали, што никако не може да потекнуваат од 17 век, кога оригиналот бил насликан.
Истрагата во „Сотбис“ сега е насочена кон тоа како се случило, фалсификатот да не биде утврден при откупот на сликата, но фирмата соопштува дека почнала со потрагата по сознанието за значителниот пораст на бројот на софистицирани фалсификати во галериите и на аукциските продажби.
Како фалисификат сега се посочува и сликата „Давид ја разгледува главата на Голија“„ на италијанскиот мајстор Орацио Џентилески, која и била дадена на заем на лондонската Национална галерија.
Сликата била позајмена од нејзниот сопственик во 2013 година и била изложена од март оваа година, но по откритието, веднаш му била вратена на сопственикот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација