Умерено облачно и топло време
Времето денеска ќе биде умерено облачно и топло, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен. УВ индексот ќе биде 7, информираат од УХМР.
Во Скопје, времето ќе биде умерено облачно и топло, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.
Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Значителна промена на времето ќе има во среда, кога ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за изолирана појава на град. Облачно, посвежо и ветровито со повремени врнежи од дожд ќе биде во четврток. Од петок ќе има стабилизирање на времето.
Ново на Сител
-
Борг: Мора да се фокусираме на ставање крај на војните и конфликтите
-
Средба на Џафери со потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија
-
ВМРО-ДПМНЕ: За косата на Шекеринска 4 години затвор, а за украдени 1 милион евра две и пол години
-
Османи: Одлуките на Министерскиот совет на ОБСЕ 2023 се конечно донесени, ОБСЕ е спасена!
-
Уапсена скопјанка која терала малолетнички да имаат секс со возрасни мажи
-
Леви: Хамас и натаму држи 137 заложници
-
Ковачевски: Од денеска стартува и новиот 9-ти сет мерки за финансиска поддршка – никој не е оставен сам!
-
Пендиков ја даде првата изјавa во Основниот суд во Охрид