Македонија
4. October 2022 - 11:31

Украле плочки, машина за перење и други предмети од куќа во Морани, приведени Косовар и скопјанец

Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 05.40 часот во с.Студеничани, скопско, ги лишија од слобода Ј.С.(37) од Скопје и Е.М.(33) од Р Косово, постапувајќи по пријава од М.А., според која тие од неговата куќа на место викано „Кочинар“ во с.Морани, скопско, одзеле разни предмети.

- Украдените предметите се пронајдени во патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, со кое се превезувале пријавените, и се вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.