Украинските сили на нови позиции во Доњецк, се чека помош во оружје за контраофанзива на југот од земјата
По падот на регионот Луганск украинските вооружени сили се распоредени на нови одбранбени позиции во регионот на Доњецк, каде што продолжуваат да ги контролираат големите градови. Истовремено, тие планираат да започнат контраофанзива на југот на земјата.
Гувернерот на Луганск, Серхи Хајдај, по повеќенеделната битка за Лисичанск, градот со чие заземање Русија ја презеде контролата врз Луганск, изјави дека битката им овозможила на украинските сили да воспостават позиции во Доњецк со цел „да ја отежнат ситуацијата за Русите таму“.
Хајдај уште еднаш побара од сојузниците на Украина на Запад да испратат повеќе оружје, тврдејќи дека украинската армија ќе започне контраофанзива штом ќе има доволно оружје со долг дострел.
„Руската тактика ќе биде иста. Прво со артилерија ќе пукаат на се, но тешко ќе освојуваат територија, изјави Хајдај.
Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека Украина се надева дека ќе покрене контраофанзива на југот на земјата.
Според него, заземањето на Лисичанск е последна победа на Русите на украинска територија.
„Тоа беа градови со средна големина (Северодоњек и Лисичанск), а за нив им требаше време од 4 април до 4 јули, тоа се 90 дена. Толку многу загуби…”, рече Арестович.
„Заземањето на градовите на исток значи дека 60 отсто од руските сили сега се концентрирани таму и ќе им биде тешко да ги пренасочат кон југ, а нема повеќе сили што можат да ги донесат од Русија. Тие платија висока цена за Северодонецк и Лисичанск“, рече советникот на Зеленски.
Самиот претседател Зеленски синоќа изјави дека украинските сили продолжуваат да се борат и покрај повлекувањето од Лисичанск.
„Нашите оружени сили одговараат, возвраќаат и го уништуваат офанзивниот потенцијал на окупаторите од ден на ден. Мораме да ги скршиме. Тоа ќе биде тешка задача која бара време и натчовечки напори, но немаме алтернативи“, рече Зеленски.
Ново на Сител
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес