-->
-->
Украина тврди дека не е одговорна за експлозиите на Крим
-->
Киев не е одговорен за вчерашните експлозии во руската воздухопловна база на Крим, изјави Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленскиј, сугерирајќи дека можеби станува збор за диверзантски акции на партизански единици.
На новинарско прашање дали Украина ја презема одговорноста за експлозиите на Крим, Подољак одговори: „Се разбира дека не“. Што имаме ние со тоа?“ Едно лице загина, а осум се повредени во инцидент на аеродромот на Крим, соопшти вчера локалното Министерство за здравство.
Руското Министерство за одбрана претходно објави дека муниција експлодирала на аеродромот на Крим, но дека немало никаков напад и дека ниту еден авион не е оштетен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо