Украина, Блискиот Исток и Сахел теми на средбата на шефовите на дипломатии на ЕУ

Руската агресија врз Украина и состојбите на Блискиот Исток и во регионот на Сахел ќе бидат главни теми на денешното заседание на Советот за надворешни работи на ЕУ, со кое ќе претседава високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
Како што соопшти белгиското претседателство со ЕУ, на неколку дена пред втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина, европските шефови на дипломатии ќе расправаат за актуелната состојба во земјата и за поддршката на Унијата за Киев.
На почетокот на расправата по оваа тема, министрите преку видео конференциски врска ќе имаат неформална размена на мислења со нивниот украински колега Дмитро Кулеба.
На Советот за надворешни работи на ЕУ ќе се разговара и за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучително и за случувањата на теренот и во поширокиот регион.
На овој дел од заседанието ќе присуствува и високата координаторка на Обединетите нации за хуманитарна помош и реконструкција за Газа, Сигрид Кааг, која ќе има неформална размена со европските министри.
Шефовите на дипломатиите ќе бидат информирани и за најновите случувања во областа на Сахел и ќе разговара за ангажманот на ЕУ во овој африканскиот регион.
Советот за надворешни работи на ЕУ ќе дебатираат и ќе разменат мислења за најновите случувања поврзани со надворешните односи на Унијата, посебно за состојбата во Белорусија.
Заседанието на министрите за надворешни работи на ЕУ ќе почне со неформален појадок со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Маријано Гроси.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје
-

За разговори меѓу Скопје и Софија ќе се чекаат подобри времиња
-

Брза помош Скопје - Помалку сообраќајки со тешки последици, зголемен број на мозочни удари
-

Кои се пропустите на угостителските објекти: Засилени теренски контроли на МВР и инспекциските служби
-

Ако Уставниот суд ги укине блок тарифите, неминовно ќе биде поскапување на струјата, велат експертите
-

Пораки за сплотеност и единство - Македонија го чествува денот на Св. Климент Охридски
-

Охрид го слави заштитникот на градот
-

По ковид пандемијата, „Eпидемија“ на семејно насилство во Mакедонија
